Катарскиот Емир: Благодарност до Путин и Русија за се што направија за нас

252

На само нешто помалку од еден месец до почетокот на Мундијалот во Катар, водачот на оваа земј, емирот Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани на самитот во Казахстан јавно му се заблагодари на Владимир Путин и на Русија како држава за помошта која што му ја пружиле на Катар во име на организацијата на самиот Мундијал.

За потсетување, Русија го организираше исклучително успешно Мундијалот во таа држава во 2018 година па катарците уште од тогаш побарале и ја добиле помошта во на организациски план.

Само за потсетување, Русија нема да учевствува на Мундијалот во Катар затоа што е суспендирана од страна на УЕФА.

„Откако нејзиниот Мундијал беше организиран прекрасно, Русија реши да ни помогне и нам. Нашите пријатели и нивната помош ни значеа многу, како и самата поддршка. Им се заблагодаруваме, и сме горди на нашата врска. Соработката ќе трае до крајот на Мундијалот. Многу сум среќен што ве гледам претседателе“ – му порача Ал Тани на Путин.

ПретходноПочина еден од најдобрите грчки спортисти, а остави и проштално писмо
СледноВидеолотарија Касинос Австрија спонзор на скијачкиот клуб Меденица