Лазаров пред Турција: Тешко гостување и жежок терен, не смее да не залаже убедливиот пораз!

193

Македонската ракометна репрезентација по триумфот над Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2024 година целосно се врти кон дуелот со Турција. Кирил Лазаров и неговите избраници играат на гостински терен во Ван, каде очекуваат полна сала. Противникот стартуваше со убедлив пораз, нешто што не смее да ги залажи нашите ракометари.

„Ни претстои многу потежок натпревар на гостински терен. Турција е многу посериозна репрезентација од Луксембург. Повеќе или помалку се познаваме со нив, а одигравме и еден официјален натпревар и остваривме победа. Сепак, ова е сосема различен состав. Иако Португалија вчера стигна до убедлива победа токму над Турција, тој резултат не смее да не залаже. На Турција и недостасуваа двајца важни ракометари на овој меч. Тешко гостување и жежок терен. Репрезентацијата е во добра состојба, имам неколку дилеми кои во текот на денот ќе треба да одлучам со кој состав ќе отпатуваме. Дејан Манасков ќе треба да го одработи последниот денешен тренинг. Покажува добри знаци и се надевам дека ќе отпатува со нас во Турција. Очекувам квалитетен натпревар бидејќи сме подготвени, но мора да бидеме внимателни“, изјави Лазаров.

Дуелот меѓу Македонија и Турција се игра во недела.

ПретходноВидеолотарија Касинос Австрија спонзор на скијачкиот клуб Меденица
СледноУЕФА не толерира повеќе, Гибралтар од сега ќе игра во Португалија