На денешната прес-конференција по повод Европското првенство во женска конкуренција која ќе се одржи во Скопје беше присутен и нашиот најдобар ракометар на сите времиња и предводник на машката репрезентација, Кирил Лазаров, како и сите ракометари.
Лазаров потенцира дека во денешно време е тешко да се добие една организација на големите натпреварувања, посакува Македонија да приреди едно изненадување да игра во следната рунда.
„Сакам да му честитам на претседателот и на РФМ за тоа што на Македонија ќе и овозможат да биде домаќин на едно натпреварување.
Да се добие организација е голема работа и се надевам дека сите заедно ќе се прикажеме во најдобро светло. Се надевам дека нашата публика ќе ја наполни салата и ќе и даде поддршка на нашиот тим.
И женскиот ракомет е во нагорна линија и се надевам дека во иднина ќе бидеме константни учесници на големо натпреварување. Се работи добро и амбициозно и мислам дека сме на добар пат.
Заслужуваме да имаме силен и женски ракомет. Ни претстои голем настан и можам да кажам дека ќе ми биде задоволство да бидам присутен на сите мечеви.
Секогаш може од секого нешо да се научи. Поддршка од мене ќе имаат максимална. Аутсајдери сме но фаворитите не победуваат секогаш“, изјави Лазаров.