Мбапе не може да си прости што потпиша нов договор со ПСЖ

271

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е решен да го напушти клубот што е можно поскоро, објавија франуски медиуми, повикувајќи се на „Л’Екип“.

Забележано е дека играчот не е задоволен од многу работи што се случуваат во ПСЖ, вклучувајќи ги неисполнетите ветувања и лошото управување со неговата позиција на теренот под водство на главниот тренер Галтие.

Мбапе јасно ставил до знаење дека сака да го напушти ПСЖ повеќе од кога било и жали што прифати продолжување на договорот.

Интерес за играчот и натаму има кај Реал Мадрид и Ливерпул. Ако не се смири целата оваа афера околу неговото име и позиција во ПСЖ голема е веројатноста по завршувањтео на сезоната младиот напаѓач кој има договор со клубот до 2025 година да си замине од Париз.

ПретходноГолот на Енис Барди е номиниран за „Гол на колото“ во Лигата на Европа
СледноЛеброн заработува двојно повеќе од реклами, отколку од тоа што игра во ЛА Лејкерс