Светските медиуми пренесуваат информации дека светската тениска организација ќе го укине АТП купот. Тоа натпреварување беше формирано во 2020 година и три пати се одржа во Австралија – првото издание го освои Србија, потоа славеше Русија и потоа Канада.
АТП купот во 2023 година ќе го замени Јунајтед куп. Ова натпреварување од мешовит карактер ќе се игра во јануари во неколку австралиски градови пред Австралија опен. Бодовите ќе се сметаат и на АТП и на ВТА листата, а турнирот ќе трае 11 дена и наградниот фонд ќе изнесува околу 15 милиони долари.
Со тоа Дејвис купот повторно ќе добие значение како единствено натпреварување во кое учествуваат репрезентации.