Тимот на Шкендија викендов најверојатно против Работнички ќе игра без својот најдобар играч, Љупче Дориев.
Крилниот напаѓач има проблеми со коленото, и ќе мора да паузира за да повредата не стане посериозна.
Дориев како што е познато е дел од составот на А репрезентацијата која што следната недела ќе замине на гостување кај Саудиска Арабија.
Мечот Работнички – Шкендија се игра во сабота од 14:00 часот.