Шокантни вести доаѓаат од Бразил вчера и денеска. Имено Нејмар, првата ѕвезда на селекцијата која е прв фаворит за титулата, би можел воопшто и да не го види СП во Катар, Имено него му се заканува затвор и тоа во траење од пет години.
Познато е дека Нејмар со Бразил никогаш не ја освои титулата светски првак, па ова му беше една од последните шанси, но како што стојат работите тој тешко дека ќе игра за “селекао“ на Мундијалот.
Нјемар е обвинет за корупција и малверзации при трансферот во 2013 година од Сантос во Барселона. Инаку обвнити се и првите луѓе на двата клуба кои во тоа време го договарале трансферот.
Треба да се знае дека според законите на Катар, лице кое е обвинето и е во судски процес, без разлика дали на крајот ќе биде виновно или не, не смее да влегува во таа земја.
Дали тоа значи дека уште сега се распрснува сонот на Нејмар за светската титула?