Александар Васоски: Мечот со Победа нека биде пресвртница за А.Пандев!

471

Никој не очекуваше дека А. Пандев по 10.коло во новата сезона во ПМФЛ ќе се наоѓа на 9.место на табелата со само 7 освоени бодови. „Пандевци“ се во резултатска криза, на последните четири меча имаат исто толку порази.

Утре, во меч од 11.коло тие и гостуваат на Победа. Натпревар кој секако дека мора да се добие.

Бројките се тие, бодовите се тие, тоа се резултатите со кои не можеме да се пофалиме. Сепак, сега не вреди да се навраќаме на тоа што беше. Мораме да гледаме напред. Ете утре играме тежок меч со Победа која покажа дека и тоа како знае да изненади. Очекувам добар натпревар на нашата екипа, очекувам токму овој меч со Победа да биде пресвртница за А. Пандев“ вели за “Спортмедиа“ стратегот на “пандевци“ Александар Васоски.

Тој верува во тимот што го води дека може многу брзо да се извлече од оваа ситуација.

Јас ќе говорам за тие последни три меча на кои јас го водев тимот. Ако ја земете статистика или ако ги земете сите паремтри ние не требаше на ниту еден да загубиме, посебно не на последниот меч со Шкупи. Играме добро, создаваме шанси, но нема голови. Противникот што се вели од еден шут ќе дојде до победата. Имавме проблеми и со повредите, на новите играчи им треба време за прилагодување. Наше е да работиме уште понапорно. Ни треба една победа за враќање на самодовербата и мислам дека потоа работите ќе се дојдат на своето место“ посочи шефот на струката на А. Пандев.

ПретходноКатар се либерализира пред Мудијалот: Хомосексуалците ќе смеат да се држат за рака, за пијаните ќе има специјални шатори за трезнење
СледноЗарем е можно: Халанд не е најефикасен во ЛШ, имало подобри од него, на пример Распадори…!