В недела: Вардар – Беса во живо на Спорт Клуб

521

Откако потпишаа договор со регионалниот спортски тв-канал „Спорт Клуб“, натпреварите на „вардарци“ од ова коло во Втората македонска фудбалска лига ќе ги гледаме и на телевизија. До крајот на сезоната, сите домашни натпревари на Вардар ќе се пренесуваат на каналите на Спорт Клуб.

Во недела, Вардар е домаќин на екипата на Беса, во натпревар од 8. коло. Мечот ќе се одигра на стадионот во Автокоманда со почеток од 14:00 часот, а гледачите ќе можат да го проследат низ директен пренос на каналот SK HD.

фото: FK Vardar facebook

ПретходноЛеброн заработува двојно повеќе од реклами, отколку од тоа што игра во ЛА Лејкерс
СледноЕХФ ги одреди саатниците: Е. Пелистер против Архус почнува во вечерен термин