Дали ова е еден од најглупавите автоголови во европските купови? (ВИДЕО)

260

Фудбалерите на Монако синоќа на гостувањето кај Трабзонспор во меч од 4. коло во Лигата на Европа загубија со 4:0, а првиот гол кој го примија, беше еден од најсмешните автоголови кои се постигнати во меч од европските купови.

Имено, во обид да ја расчисти ситуацијата во сопствениот шеснаесетник, голманот на Монако, Александер Нибел го погоди својот соиграч Маланг Сар и топката незапирливо се одби кон неговиот гол. Освен што ова беше еден од најкомичните голови видени во последно време, беше и тотално непримерна реакција за елитен европски тим како Монако.

ПретходноШампионките со победа во Струмица ја почнаа новата сезона
СледноПовторно се повреди: Франција без Канте на СП во Катар?