ЕХФ ги одреди саатниците: Е. Пелистер против Архус почнува во вечерен термин

118

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди и саатниците за одигрување на првата половина од натпреварите од групната фаза во ЕХФ Европската лига.

Македонскиот преставник, екипата на Е. Пелистер на првиот меч во Битола на 25 октомври го пречекува тимот на Архус, а дуелот ќе се одигра во вечерен термин – 20:45 часот.

До крајот на оваа година битолчани уште двапати ќе бидат домаќини во групата. На 22 ноември го пречекуваат Фуксе Берлин во попладневен термин 18:45 часот, додека мечот со шпанска Бидасоа Ирун на 13 декември ќе се одигра во вечерниот термин од 20:45 часот.

25.10.2022 – Е. Пелистер – Архус (20:45)

01.11.2022 – Агуаш Санташ – Е. Пелистер (20:45)

22.11.2022 – Е. Пелистер – Фуксе Берлин (18:45)

29.11.2022 – Мотор Запорожје – Е. Пелистер (18:45)

06.12.2022 – Бидасоа Ирун – Е. Пелистер (20:45)

13.12.2022 – Е. Пелистер – Бидасоа Ирун (20:45)

ПретходноВ недела: Вардар – Беса во живо на Спорт Клуб
СледноБарса на „Ел Класико“ ќе игра со дрес со ликот на був (ФОТО)