Илиевски: Се знае која е Шкендија, но Работнички ќе се надигрува, сакаме добар резултат!

193

Во еден од најинтересните мечеви од 11.коло, кое се игра викендов, секако дека е оној меѓу Работнички и Шкендија, клубови “тешкаши“ во мак – фудбалот, кои заедно тежат 8 титули шампион на Македонија.

Новиот стратег на “романтичарите“ Милан Илиевски со сиот респект говори за утрешниот противник.

Се знае која е Шкендија, се знае дека ја води еден од најуспешните тренери во историјата на ПМФЛ, Ќатип Османи. Го имаат Буба Хасани, Бејтулаи и уште многу, многу други поединци. Сепак ние сме Работнички, играме дома, и ќе настојуваме да се надигруваме. Слушам Дориев нема да играл, но Шкендија има адекватни замени. Од друга страна ние си ја гледаме нашата работа. Некои работи ќе зависат и од нас, како тоа ние ќе одговориме на предизвикот. Посакувам тимот да одигра како што треба, посакувам добар резултат за Работнички. На крај да кажам дека нема да можеме да сметаме на Исмаили кој е повреден и на Бошковски кој е под суспензија“ вели Милан Илиевски за „Спортмедиа“.

Натпреварот се игра утре на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 14 часот.

ПретходноПроблем за Реал: Куртоа и Милитао ќе го пропуштат Ел Класико!
СледноМеси: Се надевам дека Дибала и Ди Марија навреме ќе заздрават и ќе играат на СП во Катар!