Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е на врвот на листата на Форбс за најплатени играчи во НБА лигата, веќе деветта година по ред.
Четирикратниот шампион во НБА лигата има вкупен приход од 124,5 милиони долари во 2022 година. 44,5 милиони биле заработка по основ на плата, а уште 80 милиони долари добива од реклами и други проекти надвор од теренот.
Втор на листата со вкупна заработка од 95,1 милион долари е ѕвездата на Голден Стејт, Стивен Кари, додека ТОП 3 листата ја заокружува Кевин Дурент од Бруклин со заработка за 2022 година од 88 милиони долари.