Луис Назарио де Лима Роналдо: Тој ден почнаа да ме мразат сите мајки на овој свет!

1469

Луис Назарио де Лима Роналдо или “вистинскиот“ Роналдо како што многумина го нарекуваат, имаше пребогата кариера. Важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Врвот на кариерата му беше на СП во Јапонија и Ј. Кореја во 2002 година кога блескаше, кога на Бразил му ја донесе титулата.

Сепак светот ќе го памети овој фудбалер и по необичната фризура што ја “лансираше“ за време на Мундијалот. Шишан на нула, само напред малку коса.

Како прво таа фризура беше тактички потег. Бев нешто повреден и централна тема во пресрет на полуфиналето со Турција беше таа повреда. Но откако се појавив со таа нова фризура сите во репрезентацијата говореа за мојот нов имиџ. Ситуацијата се реклаксираше и така да тоа помогна да одиме до крајот и да го освоиме СП“ вели Бразилецот.

Инаку познато е дека милиони деца ширум светот откако ја видоа новата фризура на Роналдо посакаа така да се шишаат.

На враќање кон Бразил, иако станавме светски прваци, мојата мајка ми се јави и ме критикуваше за имиџот. Знам дека од тој ден, откако во јавноста се појавив со тој мој нов имиџ, сите мајки на овој свет почнаа да ме мразат. Еве јавно сега им се извинувам, жалам за сите непријатности што ги имале“заврши Бразилецот.

ПретходноМирчевски стрелец во убедливата победа на ТСЦ Бачка Топола
СледноФоден потпиша договор на кариерата со Сити!