Мукаетов пред ЕУРО: Да покажеме зошто ракометот е број еден во Македонија!

105

Ракометна Македонија се подготвува за Европското сениорско женско првенство, кое од 4 до 20 ноември ќе се одржи во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. Последен пат вакаво големо натпреварување се одржа во 2008 година, додека пак нашата репрезентација за последен пат учествуваше во 2012 година.

Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе дојдат силни европски земји, а со оглед на тоа дека покрај групната фаза, ќе се одигра и главната рунда, ова континентално натпреварување ќе биде комплетен погодок за ракометните грумани.

РФМ на чело со претседателот, Живко Мукаетов, успеа да донесе врвен женски ракомет во Скопје, па токму затоа повикува на хомогеност, на голема поддршка.

„Драго ми е што сме сите тука од А селекција до ветеранки, со дел не сме виделе одамна, тука и младинските репрезентативки, тука е машката селекција на Македонија.

Идејата е да бидеме заедно, да покажеме дека едни за други водиме гржа сите заедно да работиме во континутет, да создадеме подобар македонски ракомет.

Треба да играме со срце за Македонија, го повикувам народот да дојде во поголем број, да им дадат поддршка на ракометарките, да покажеме дека ја заслужуваат, да покажеме дека сме хомогени.

Благодарност до сите што прифатија да бидат дел од кампања, да покажеме дека сме добри домаќини, да покажеме дека имаме светски ракомет, да направиме подобро утре, сите заедно да покажеме дека спортот број еден во Македонија е ракометот“, изјави на денешната прес-конференција, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

ПретходноПристигнаа со 22 автобуси, па останаа пред стадионот (ВИДЕО)
СледноЛазаров со поддршка: Да се добие организација на ЕП е голема работа, се надевам дека публиката ќе ја наполни салата!