Повторно се повреди: Франција без Канте на СП во Катар?

82

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, ја обновил повредата поради која долго време беше надвор од терените. Според француски „Л’Екип“, станува збор за истата повреда на тетивата која го мачеше со месеци, па сега тој ќе мора да биде на нов третман кој ќе го оддалечи од терените најмалку 2-3 недели.

Според лекарите, тој сериозно ризикува да го пропушти Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп треба да го достави својот список на патници за Светското првенство во 2022 година на 9 ноември.

ПретходноДали ова е еден од најглупавите автоголови во европските купови? (ВИДЕО)
СледноСе укинува АТП купот и ќе го замени ново натпреварување