Почина еден од најдобрите грчки спортисти, а остави и проштално писмо

481

Најдобриот грчки натпреварувач во таекводно, и освојувач на сребрен медал од Олимписките игри, Александрос Николаидис, почина на 43. годишна возраст. Причината за неговата прерана смрт е карцином, за кој што тој самиот вели во прошталното писмо дека може секому да му се случи.

„Ако го читате ова писмо знајте дека сум на некое, друго, поубаво место. Последните две години боледував од карцином за кој девет од десет доктори во Грција немале слушнато претходно. Мојот лекар направи буквално се за да ме спаси, и за тоа му благодарам. Никогаш не се запрашав зошто токму јас, затоа што ова може да му се случи на секого. Си заминувам како среќен човек, затоа што ме сакаше најубавата жена на светот, бев на подиумот многупати и ми се исполнија сите мои детски сништа“ – напиша Николаидис.

 

ПретходноШкендија без Дориев против Работнички
СледноКатарскиот Емир: Благодарност до Путин и Русија за се што направија за нас