Пелистер ја запиша првата победа во новата сезона. По поразот од Гостивар, битолчани максимално ја искористија предноста на домашен терен и го совладаа Работнички со 92-76, кој пак шансата за радост ќе ја бара во следното коло.
Кошаркарите на Пелистер дуелот го решија во втората четвртина, на стартот поведоа со 31-21, а потоа зголемија и на плус 14 (39-25), позитива со која заминаа на полувремето (47-33).
На другата страна Работнички одигра нешто подобро во третиот период, го доби со 25-30, но тоа не беше доволно за целосен пресврт. На стартот на последната четвртина, домашниот состав со пет поени во низа зголеми на 77-63 и го отвори патот кон победата.
Сеад Хазифејдовиќ го поведе Пелистер беше нерешлива енигма за противникот, со осум поени во низа го постави највисокото водство до 34 минута од 19 поени (85-66). Донте Карутерс стави печат две минути подоцна, зголеми на 91-70. До 39 минута, најтрофејниот тим имаше постигнато само седум поени, додека прими 20.
Овие двајца играчи беа лидери кај битолчани, заедно постигнаа 53 поени, Караџовски со 14 поени беше зад нив. На другата страна ако треба нешто да радува, тоа е добрата партија на младиот Шошкиќ, кој средбата ја заврши со 16 поени, додека Крафорд запиша 23.