Пред неделното дерби: Шкупи драстично ослабен, Струга ТЛ комплетна доаѓа на Чаир!

782

Во недела, во меч од 11.коло во ПМФЛ, се игра супер – дербито меѓу актуелниот шампион, тимот на Шкупи и лидерот на табелата, составот на Струга ТЛ.

Јасно е дека што и да се случи, ова дерби не би требало да биде решавачко, Но исто е јасно дека во случај на триумф на Струга ТЛ, тогаш актуелниот шампион ќе има -13 бода и тешко дека би можел да се надева на нешто во битката за тронот.

Во ова последно коло од првата третина од шампионатот, секако дека мечот меѓу Шкупи и Струга ТЛ ќе биде и тоа како центарот на вниманието.

Што се однесува до составите, стратегот Гоце Седлоски си има не мали проблеми. Не може да смета на суспендираните Али Адем, Гаги Маргвелашвили и Кристијан Ацкоски. Има уште некои играчи кои се жалат на повреда, но овие тројца сигурно нема да настапат.

За разлика од Седлоски, стратегот на лидерот Срѓан Захариевски нема такви проблеми. Нема суспендирани и повредени играчи и тој ќе може во недела на Чаир да го извади својот најдобар состав.

Во секој случај овој натпревар со нетрпение се очекува, посебно ако се знае дека Струга ТЛ во изминатите 10 кола, односно на тие 9 натпревари има 8 победи и само едно реми и има 25 бодови а Шкупи само 15.

ПретходноПотврдено: Франција без Канте на СП во Катар!
СледноШок во Бразил: Нејмар место на СП во Катар веројатно ќе мора во затвор!