Хофенхајм го „торпедираше“ Шалке на негов терен! (ВИДЕО)

49

Уште едно катастрофално издание на Шалке и тоа на свој терен на “Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен. Вечерва во меч од 10.коло во Бундеслигата, Хофенхајм го декласираше Шалке со 0:3. Стрелци на головите беа Сков во 11.минута, потоа Дабур во 45+2, а Сков во 59.минута стрелаше уште еднаш за 0:3, овојпат од белата точка.

Со овие три бода Хофенхајм сега има 17 и се проби на 3.место на табелата барем до утре и задутре кога ќе се играат и останатите мечеви од ова 10.коло.

Шалке пак и дефинитивно покажува дека сезонава ќе бие жестока битка за опстанок.

ПретходноНацева: Не секоја држава има можност да биде домаќин на Европско натпреварување!
СледноКадетите ја победија Црна Гора во Бар!