Голот на Енис Барди е номиниран за „Гол на колото“ во Лигата на Европа

834

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имаше одличен настап во дресот на Трабзонспор и со еден прекрасен погодок од слободен удар придонесе за високата победа над Монако од 4:0. Токму неговиот погодок, УЕФА го стави во изборот  за „Гол на колото“ во Лигата на Европа.

Во конкуренција за ова признание се најдоа уште три погодока од вчерашните дуели, а победникот ќе го дознаеме по завршувањето на гласањето кое се одвива на следниот ЛИНК.

ПретходноСе укинува АТП купот и ќе го замени ново натпреварување
СледноМбапе не може да си прости што потпиша нов договор со ПСЖ