Потврдено: Франција без Канте на СП во Катар!

102

Она што се најавуваше во изминатите неколку денови, а посебно утринава, од доцна попладнево е и потврдено. Енголо Канте нема да игра на Мундијалот во Катар. Играчот за врска на Челзи, “моторот“ на репрезентацијата на Франција ќе мора да паузира најмалку уште три месеци. Ова се резултатите од денешните прегледи. Секако дека ова е голем удар за амбициите на светскиот првак на Мундијалот во Катар посебно ако се знае дека и Пол Погба ќе биде во аут.

Штета за Канте, ова за него требаше да биде последно СП, ако се знае дека на наредното би имал 35 години.

ПретходноХаланд прими уште една награда, но шокираше со стајлингот! (ФОТО)
СледноПред неделното дерби: Шкупи драстично ослабен, Струга ТЛ комплетна доаѓа на Чаир!