Во пресрет на неделното мега – дерби во Лига 1 меѓу ПСЖ и Марсеј, денеска на прес со новинарите беше стратегот на “светцте“ Криштоф Галтие.
И нормално, во преден план за новинарите не беше дербито со Марсеј туку Мбапе и неговото наводно заминување од клубот.
На валвите прашање Галтие просто “здиве“ и почна вербално да се расправа со новинаритем а посебно со еден од нив кого според него, никогаш не го пишувал тоа што тренерот на ПСЖ ќе го каже.
“Тоа што сакам да го кажам е дека ти никогаш не ме прашуваш за фудбалот, за натпреварот. Јас сум горд што сум тренер на ПСЖ, но полека сфаќам дека на овие прес – конференции само една минута се говори за фудбал и за натшреварот, а останаиот дел за други нефудбалски работи. Не сум тука да коментирам гласини околу Килијан. Тој е добро, ете на мечот од ЛШ имаше одличен настап. Имам многу мани, но никогаш не лажам. Знам добро дека што и да кажам тие ќе си напишеш по свое“ изреволтирано посочи Галтие.