Шампионките со победа во Струмица ја почнаа новата сезона

120

Актуелниот шампион во женска конкуренција, екипата на Работнички, со победа ја почна новата одбојкарска сезона. Во премиерата на новиот шампионат, актуелните бранителки на титулата тргнаа со победа на гостувањето против Струмица со 1:3 (17:25, 25:23, 18:25, 12:25).

Струмица одигра добар натпревар и достојно се одржуваше во првите три сета. Во последниот четврти сет Работнички комплетно доминираше и ја потврди првата сезонска победа.

Останатите дуели од премиерното коло се на програмата викендов. Во сабота Наковски Волеј ја пречекува екипата на Вардар ЕП, додека Фит Фан Волеј е домаќин на екипата на Македонија Макс. Последниот меч од воведното коло ќе се одигра во понеделник и во него се среќаваат Јанта Волеј и Вардар Жени 2019.

ПретходноЛудо дерби во Боливија: 24 минути продолжение во кое паднаа четири гола! (видео)
СледноДали ова е еден од најглупавите автоголови во европските купови? (ВИДЕО)