Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд е уапсен под сомнение дека ги прекршил условите за кауција по неговото апсење под обвинение за силување, напад и закани за убиство, објавија медиумите во Англија.
21-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше уапсен во јануари откако на интернет беа објавени фотографии и видеа. Се верува дека Гринвуд ги прекршил условите за кауција откако стапил во контакт со неговата наводна жртва.
Последниот настап на напаѓачот за „црвените ѓаволи“ беше на 22 јануари оваа година.