Женската екипа на ПАОК денеска беше гостин на Металург во рамките на квалификациите за место во Европскиот Куп на ЕХФ. Со тимот во Скопје пристигнала и група на навивачите од Грција, кои приредија скандал во центарот на нашиот главен град.
Откако се симнале од автобусот се упатиле кон плоштадот и по пат дошло до вербален судр и физички нападнале момче кое носело дрес на македонскиот клуб Вардар. Според сведоците тие влегле во една продавница и украле неколку шишиња вода, полицијата на време реагирала и спречила поголе инцидент.
Навивачите на ПАОК биле задржани од полицијата и го пропуштиле натпреварот на нивниот клуб против Металург.