Партизан имаше голема шанса со целиот плен да се врати од гостувањето кај Басконија во рамките на Евролига. Избраниците на Жељко Обрадовиќ водеа во голем дел од мечот, а во самиот финиш при водство од три разлика примија тројка за продолжение, во кое добро тргнаа, но лошо завршија.
Искусниот стратег на клупата на српскиот тим беше видно изнервиран, како „капак“ на се дојде прес-конференцијата на која личноста задолжена за превод на шпански јазик, не ја вршеше својата задача добро. Обрадовиќ се изнервира и му порача:
„Застани. Подобро ќе биде јас да преведувам, тоа не е добар превод. Ќе зборувам јас на шпански“, Обрадовиќ се обрати на шпански јазик, а потоа преведе на англиски.