Полувреме: Голчиште на Самаке во Ѓорче, 1:1 на Арената, Брегалница со пресврт води во Штип

211

Завршија првите полувремиња од четирите средби од 11.коло во ПМФЛ.

Одличен фудбал на Арената меѓу Работнички и Шкендија. Домашниот состав поведе со голот на Максимов во 7.минута, но тетовци израмнија во 22.минута преку Шаља, кој имаше уште две идеални шанси, но голманот Алексовски беше фантастичен на голот.

Брегалница со пресврт води со 2:1 против Силекс. Кратовци со голот на Масевски поведоа уште во 5.минута, но Ѓорѓиев и Ристевски стрелаа за водство на “сините“.

Во Ѓорче фантастичен гол на Адама Самаке, проектил од далечина за водство од 1:0 против Скопје.

Во Прилеп голема борба, но резултатот меѓу Победа и А. Пандев и натаму е оној почетниот од 0:0.

ПретходноЧави направил листа на имиња кои во јануари мора да си заминат
СледноЅвездата на Баерн во јануари се сели меѓу „кралевите“!