Роналдо откри: Две и пол години одам на терапија

299

Бразилската фудбалска легенда Роналдо призна дека две и пол години оди на терапија и истакна дека во денешно време многу поголемо внимание се обрнува на психолошкото здравје на фудбалерите околку во негово време.

Сега одам на терапија која ја почнав пред две и пол години. Така да разбирам себе си многу подобро од порано, дури и за минати работи. Јас сум од генерација каде што те исфрлаат на терен  и мораше да дадеш максимум без никакви навестувања за драма. Гледам наназад и можам да кажам ‘Да, бевме подложени на многу, многу висок ментален товар, и без никаква подготовка за тоа’.

Исто така затоа што тоа беше почеток на ерата на интернет и брзина со која се движеа информациите. Сепак, тогаш немаше никаква грижа за менталното здравје на играчите. А тие се многу подобро подготвени денес. Секојдневно им се укажува потребната лекарска помош и повеќе се проучуваат профилите на секој фудбалер, како реагира и како треба да го направи тоа.

Во мое време немаше такво нешто, за жал, бидејќи сите знаеме дека нашиот фудбалски живот може да ни предизвика голем стрес и може да биде многу одлучувачки до крајот на нашиот живот. Вистината е дека не ни знаевме дека постои ваков тип на проблеми. Ова беше целосно игнорирано од нашата генерација.

Јасно е дека многумина поминале низ тешки времиња, па дури и депресија поради недостатокот на интимност и слобода. Вистина е дека проблемите беа целосно очигледни, но решенијата ги немаше“, изјави Роналдо за Марка на настан поврзан со претстојниот документарен филм на DAZN „Феноменот“.

ПретходноКавани даде два гола но Валенсија не го совлада „фенерџијата“ (видео)
СледноФеникс без проблем до „два од два“, тројца играчи со дабл-дабл ефект!