Феникс без проблем до „два од два“, тројца играчи со дабл-дабл ефект!

104

Кошаркарите на Феникс 2010 ја запишаа втората победа во низа, откако беа подобри од Навико Академија ФМП со 79-62. За тимот од Кисела Вода ова беше втор пораз во прволигашкото друштво.

Во домашната, дури тројца играчи со дабл-дабл ефект, Бојан Трајковски во својот прв меч од новата сезона дојде до 19 поени и 11 скока, Амар Хот додаде 12 поени и исто толку скокови, а Бекингем запиша 16 поени и 10 скока. На другата страна Овенс имаше 16поени.

По првата четвртина, домаќинот имаше минимална предност од 21-20 која на полувремето беше 37-33. Кошаркарите на Феникс одиграа добро во третиот период, имаа двоцифрени (49-38), а на крајот на третата четвртина беше и (58:40), тука стана јасно дека овој дуел ќе му припадне на домашниот тим.

ПретходноРоналдо откри: Две и пол години одам на терапија
СледноКадетите минимално поразени од Црна Гора на втората контрола!