Халанд: Пенал за живот? Јас или Балотели!

816

Ерлинг Халанд импресионира со своите игри во Премиер-лигата, каде штотуку започна ново поглавје во кариерата како член на Манчестер Сити, а веќе собори голем број рекорди. Фантастичниот 22-годишен норвешки напаѓач е водечки стрелец во англискиот шампионат со 15 голови на девет натпревари. Вкупно голови во дресот на Сити има 20 на само 13 одиграни натпревари.

За неговите голови не престануваат да се зборуваат, но тој знае да привлече внимание со изјави како на пример неодамна кога коментираше и за неговата исхрана откако рече:

„Другите не го јадат ова, но јас се грижам за своето тело. Мислам најважно е да се јаде квалитетна храна која се одгледува локално. Јадам срце и џигер“.

Дека има скриени страсти, но и дека им се спротивставува, откри во разговорот со Гери Невил, признавајќи дека обожава ќебап, а откри и на кого му се восхитувал кога пораснал и станал фудбалер кој го полудел светот.

На прашањето кој му бил омилен играч додека растел одговори: „Покрај татко ми, веројатно тоа беше и Златан Ибрахимовиќ“.

Доста интересно е што Халанд за изведувач на пенал од кого би зависел и неговиот живот го одбра Марио Балотели.

“Веројатно би се избрал сам себе си, верувам во себе. Ако не сум јас, тогаш има многу добри изведувачи. Мислам дека би го земал Марио Балотели, тој беше можеби најдобриот изведувач на пенали од оние што ги гледав. Се сеќавате ли на тие луди што ги изведуваше. Навистина беше лудо. Навистина е добар. Значи тој и јас“, рече Халанд.

ПретходноЛинекер: Познавам двајца познати фудбалери кои се геј, убаво ќе биде тоа да го кажат на СП во Катар!
СледноФФМ ќе ги покрива трошоците во Детската лига за терени, судии, техничка организација и награди!