Чави направил листа на имиња кои во јануари мора да си заминат

437

Барселона активно гледа и на зимскиот преоден рок, во обид да продаде и доведе нови играчи. Приоритет на Барса во текот на зимата е да се ослободи од неколку играчи со високи плати.

Каталонците веќе имаат список со тројца играчи кои треба да бидат продадени во јануари. Станува збор за Жерар Пике и Жорди Алба, кои во првиот бран треба да го напуштат тимот, а трет на листата е и Холанѓанецот Френки де Јонг.

Со оглед на неговата возраст и профил, Холанѓанецот е и можност да донесе и солидна финансиска добивка за Барса. Неколку клубови од Премиер лигата веќе покажаа интерес за потписот на играчот од средниот ред.

ПретходноМејсон Гринвуд повторно заврши во притвор
СледноПолувреме: Голчиште на Самаке во Ѓорче, 1:1 на Арената, Брегалница со пресврт води во Штип