Аталанта од негатива до триумф против Сасуоло

46

Тимот на Аталанта продолжи со фантастичната серија на резултати сезонава и викендов. Вечерва успеа на домашен терен да го совлада Сасуоло со конечни 2:1, и да преноќи што се вели на лидерската позиција во Серија А.

На домаќинот на овој дуел не му беше воопшто лесно да дојде до овој резултат, затоа што имаше негатива, па се враќаше од истата. Кирјакопулос погоди во 41. минута, за да пет минути подоцна Пашалиќ израмни на 1:1.

На самиот старт на вториот дел Лукман погоди за 2:1, и тоа беше се што на овој меч се случи на темата погодоци.

Сасуоло е деветти со 12 бодови.

 

ПретходноЗа Конте 15 милиони фунти по сезона!
СледноАтлетико „преживеа“ во Билбао и освои три бода (ВИДЕО)