Во исклучително интересен и неизвесен меч во кој имаше безброј шанси, спорни ситуации, тензија, прекини и само еден погодок, тимот на Атлетико Мадрид дојде до извонредно важен триумф на гостувањето кај Атлетик Билбао од 0:1.
Единствениот гол на овој дуел го постигна Гризман, воедно негов стоти во дресот на Атлетико во Примера.
Французинот погоди во 47. минута, а потоа се случи вистинска канонада од шанси на обете страни. Домаќинот имаше можност да израмни во последните секунди но дефанзивата на Мадрид вечерва беше на висината на задачата.