Еуро Никел лесно со Куманово, Кожув ја доби драмата со Струмица

120

Еуро Никел без проблем дојде до втората победа во Првата лига, на домашен терен ја оправда улогата на фаворит против Куманово, го порази со 84-58.

Кошаркарите на Еуро Никел по првото полувреме имаа двоцифрени 44-33. Ништо не се промени ниту во продолжение, домаќинот зголеми на 62-47 и стави крај на сите дилеми околу крајниот победник. На другата страна Куманово имаше само еден кошаркар расположен за игра (Кели, 19 поени), што пак не беше доволно за нешто повеќе.

Во Гевгелија, прва победа за екипата на Кожув. Светозар Стаменковиќ погоди тројка со звукот на сирената за Струмица, но по прегледот на снимката судиите ја поништија истата и потврдија победа на Кожув од 88-86.

Мајрон Гордон одигра неверојатно прво полиувреме, постигна 26 поени од вкупно 45 на екипата од Гевгелија која по негова заслуга имаше и водство. По 20. минути игра, беше (45-42) за „црвено-белите.

На средина на третиот дел од играта, домаќините стигнаа и до највисокото водство, 58-49 и 69-52 но се чини тоа не беше доволно. Гостите се вратија целосно во игра, израмнија на 86-86. Гордон по промашување на противникот ги постави конечните 88-86.

ПретходноВлаховиќ го реши дербито на Торино (ВИДЕО)
СледноТотенхем држи ритам со врвот