Тотенхем има намера да го задржи италијанскиот стратег Антонио Конте. Договорот на Конте истекува ова лето и лондонскиот клуб ќе направи се за да го задржи на клупата. Според „Дејли меил“, следната недела ќе биде клучна за да започнат преговорите за обвонување на соработката. „Спарс“ има опција, според претходниот договор, да го задржи Италијанецот на уште една сезона меѓутоа Тотенхем сака да го задржи на повеќе години и е спремен да му понуди нов договор вреден 15 милиони фунти по сезона.
Конте ќе бара гаранции од раководството дека ќе продолжи да одвојува голема сума на пари за засилувања и инсистира дека ќе му треба барем два преодни рока за да го формира тимот кој треба да биде конкурентен за титулата.
Конте претходно работеше во Јувентус и Интер.