Клоп: Со Сити не може никој, тие купуваат и не прашуваат за цена

220

Во пресрет на големото дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул – Манчестер Сити, менаџерот на домашните Јирген Клоп смета дека Манчестер Сити е непобедлив во однос на трансферите.

„Нема да ви се допадне одговорот. Веќе го знаете. Никој не може да се натпреварува со Сити со пари. Го имате најдобриот тим на светот и го потпишувате најдобриот напаѓач на пазарот. Не е важно колку чини, само направете го тоа. На Сити нема да му се допадне, никому нема, но вие прашувате кога веќе го знаете одговорот. Ние во Ливерпул не можеме вака да се однесуваме, тоа е невозможно. Постојат три клуба во светот на фудбалот (Манчестер Сити, ПСЖ , Њукасл) кои можат да прават што сакаат финансиски. Тоа е легално, тоа е во ред. Тоа е факт. Мораме да погледнеме наоколу, да гледаме овде-онде, да најдеме помлади играчи, таленти. Ние не можеме да се натпреваруваме со нив. Ова не ми е проблем. Само не ме прашувајте за кои веќе го знаете одговорот“, вели Клоп.

ПретходноСаудиска Арабија гради нов автодром и сака две трки во Ф1 календарот
СледноМејсон Гринвуд повторно заврши во притвор