Освојувачот на женскиот ракомет куп на Македонија, ЖРК Металург доживеја пораз и на реваншот на домашен терен од грчки ПАОК и со тоа го заврши настапот во второто коло од третото по ранг европско натпреварување ЕХФ купот.
Минатата недела Металург загуби на гостувањето во Грција со 17:26, денеска на свој терен беше поразен убедливо со 20:31. Гостинките уште по првиот дел ги решија дилемите затоа што имаа водство од 11:17, па потоа рутинско го завршија мечот.
Арсениевска и Божиновска со по пет гола беа најефикасни кај Металург.