Мејсон Гринвуд повторно заврши во притвор

183

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд е уапсен под сомнение дека ги прекршил условите за кауција по неговото апсење под обвинение за силување, напад и закани за убиство, објавија медиумите во Англија.

21-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше уапсен во јануари откако на интернет беа објавени фотографии и видеа. Се верува дека Гринвуд ги прекршил условите за кауција откако стапил во контакт со неговата наводна жртва.

Последниот настап на напаѓачот за „црвените ѓаволи“ беше на 22 јануари оваа година.

ПретходноКлоп: Со Сити не може никој, тие купуваат и не прашуваат за цена
СледноЧави направил листа на имиња кои во јануари мора да си заминат