Навивачи на ПАОК нападнале фан на Вардар среде Скопје

423

Женската екипа на ПАОК денеска беше гостин на Металург во рамките на квалификациите за место во Европскиот Куп на ЕХФ. Со тимот во Скопје пристигнала и група на навивачите од Грција, кои приредија скандал во центарот на нашиот главен град.

Откако се симнале од автобусот се упатиле кон плоштадот и по пат дошло до вербален судр и физички нападнале момче кое носело дрес на македонскиот клуб Вардар. Според сведоците тие влегле во една продавница и украле неколку шишиња вода, полицијата на време реагирала и спречила поголе инцидент.

Навивачите на ПАОК биле задржани од полицијата и го пропуштиле натпреварот на нивниот клуб против Металург.

ПретходноКадетите минимално поразени од Црна Гора на втората контрола!
СледноРакометарите го одржаа единствениот тренинг во Ван (ФОТО)