ПМФЛ: Работнички – Шкендија е дуел за уживање, Брегалница се “остри“ за Силекс, “пандевци“ под Маркови кули…

163

 

Во сенка на утрешното супер – дерби од 11.коло во ПМФЛ меѓу Шкупи и Струга ТЛ, денеска од 14 часот се играат останатите четири меча. Секако дека во преден план е дуелот меѓу Работнички и Шкендија. Клубови со традиција, клубови со многу освоени трофеи. Тетовци се можеби фаворити на хартија, но новиот Работнички предводен од тандемот на клупата Илиевски – Илијоски и тоа како има што да каже на овој меч. Ова ќе биде фудбалски дуел за уживање. Традицијата вели дека овие две екипи досега одиграле 65 натпревари, Работнички има 19 победи, 13 средби завршиле без победник а Шкендија пообедила во 33 наврати. Последнот меч на Арената го доби Работнички со 2:1.

Во  Штип гостува Силекс. По она што им се случи минатиот викенд, и тоа дома, и тоа пораз од Победа со 0:3, сега кратовци мора некаде да се вадат. Брегалница има проблеми со повредени играчи, но сепак и на “сините“ бодовите им се неопходни. Ќе биде тврдо под Исарот, тука нема дилеми.

Победа против А. Пандев. Ќе можат ли прилепчани до уште една сензација? Играат дома, ќе играат пред 5.000 публика под Маркови кули, јасно е дека оваа Победа има потенцијал. Од друга страна на А.Пандев и гори, и тоа како и гори. Струмичани на последните четири меча имаат четири порази.

Во Ѓорче скопско дерби. Македонија ЃП против Скопје. Голема борба се очекува, бодовите се посакувани и од двете екипи.“Лавовите“ се фаворити на хартија, но оваа есен се далеку од посакуваната форма.

 

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ

ПОБЕДА – А.ПАНДЕВ

БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС

УТРЕ, 14 Ч

ШКУПИ- СТРУГА ТЛ

ТИКВЕШ (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 25, Шкендија 16, Тиквеш 16, Шкупи 15, Силекс 15, Брегалница 12, Работнички 11, Македонија ЃП 9, А. Пандев 7, Победа 7, Скопје 5

ПретходноФФМ ќе ги покрива трошоците во Детската лига за терени, судии, техничка организација и награди!
СледноОбрадовиќ се изнервира на пресот по поразот: Не го реков тоа! Застани, јас ќе зборувам шпански!