Се одиграа четирите мечеви од 11.коло попладнево. Каков меч на Арената? Одличен, супер интересен дуел меѓу Работнички и Шкендија кој заврши со резултат 2:4, со голеада. Интересно, тетовци мечот го завршија со двајца играчи помалку зошто Хасани и Мурати беа исклучени.
Работнички преку Максимов поведе, Шкендија возврати со 1:2 со головите на Шаља и Стојановски, Работнички израмни, но тетовци сепак и со играч помалку, а потоа и со двајца помалку славеа со 2:4.
Македонија ЃП без проблеми со 2:0 го победи Скопје. Самаке донесе водство со супер гол, а Вучичевиќ ги постави конечни 2:0.
А. Пандев пак не победи, и во петтиот меч во низа. Победа – А. Пандев 1:1. Гостите имаа водство со голот на Велиновски, но потоа Рамани со фантастичен гол им донесе бод на домашните.
И во Кратово супер интересен натпревар. Силекс среде Штип ја “истушира“ Брегалница. Кратовци водеа со 0:1, па Брегалница имаше 2:1 со головите на Ѓорѓиев и Ристевски. Сепак Силекс со головите на Манасиевски и Ристовски на крајот победи и освои големи три бода.
РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2:3
(Ѓорѓиев 9., Ристевски 23./Масевски 5., Манасиевски 65., Ристовски 76.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2:0
(Самаке 22., Вучичевиќ 77./)
ПОБЕДА – А.ПАНДЕВ 1:1
(Рамани 75./Велиновски 60.)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2:4
(Максимов 7., Јанакиевски 65./Шаља 22., Стојановски 49.,85. Велија 73.)
УТРЕ
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
ТИКВЕШ (слободен)