Почнуваат одбојкарите: Шампионат без скопските гиганти, Струмица ја брани титулата

181

Новата сезона на домашната одбојкарска сцена започна во средата со првиот меч од женската Прва лига, за викендов да стартува и новата сезона кај мажите. Денеска треба да се одиграат сите пет планирани натпревари од премиерното коло во новиот одбојкарски шампионат во машка конкуренција, каде годинава немаме промена во системот на натпреварување, но има промена во учесниците во натпреварувањето.

По долги години, Скопје останува без гигантите во елитната машка конкуренција. По Работнички, годинава од натпреварувањето се откажа и Вардар по сериозните финансиски проблеми кои ги имаше изминатите сезони. Во елитата го нема и тимот на Дибра Волеј, додека екипата на Јанта Волеј годинава ќе настапува под името ОК Либеро. Нови имиња во елитата се Петровец и Сушево.

Во првото коло дербито ќе биде во Тетово меѓу градските ривали Универзитет во Тетово и Лирија, додека шампионот Струмица е слободен.

Прва лига (мажи),
1. коло
Петровец – Штип УГД (13.00)
Универзитет во Тетово – Лирија (18.00)
Шкендија – Либеро (18.00)
Сушево – Весна Пробиштип (18.30)
ГОК Борец – Македонија Џио (19.00)
*Слободна е екипата на Струмица Никоб
Прва лига (жени)
1. коло
Струмица – Работнички 1:3 (17:25, 25:23, 18:25, 12:25)
Фит фан волеј – Македонија Макс (13.00)
Наковски волеј – Вардар ЕМ (18.00)
Јанта волеј – Вардар жени (понеделник, 18.00, пренос на МРТ-3)

 

ПретходноТрета шанса за победа, МЗТ не се предава: Во Подгорица дефинитивно не доаѓаме со бело знаме!
СледноФеникс и Еуро Никел сакаат да го задржат истиот курс!