Македонската ракометна репрезентација го одржа единствениот тренинг пред утрешниот дуел против Турција во Ван, втор во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров за оваа средба поведе 17 ракометари, во составот ќе биде Дејан Манасков, кој ја пропушти првата средба против Луксембург во Скопје.
Победа за Македонија на оваа средба која се игра утре со почеток во 16 часот ќе значи веќе широки отворени порти кон пласман на ново големо натпреварување.