И дефинитивно Брегалница е далеку од Европа, поточно од битка за Европа. Десет меча и четири порази и освоени само 12 бодови.
Можеби “сините“ мислеа дека денеска ќе биде пресвртот и тоа со Силекс. Имаа водство од 2:1 но потоа потоп, Силекс со два убави голови успеа да победи со 2:3.
Последниот гол беше дело на Марјан Ристовски, кој просто ја “зашвајцува“ Брегалница.
Големи три бода за кратовци, додека Брегалница…
Е тоа е тема за друг муабет, за поголема анализа, за кажување во очи.