Шкендија си дојде во Скопје и си победи со 2:4. Да, Шкендија беше подобра, на крајот на краиштата во последната фаза од мечот играше и со двајца играчи помалку, но за тие 2:4, се разбира покрај извонредените Стојановски и Шаља, заслужна беше и очајната одбрана на Работнички. Речиси сите голови на тетовци беа од грешки и киксови на потесната одбрана на “романтичарите“.
Како што и најавивме, одличен меч, меч за уживање и осма победа во последните десет натпревари за Шкендија кога игра на гости кај Работнички.
Да, Хасани за симулирање и Мурати за прекршок предвреме го завршија овој меч, но Шкендија пак победи.