Стојан Ѓуроски со неговиот Оуренсе ја запишаа првата победа оваа сезона во втората шпанска лига. Тимот на македонскиот репрезентативец во доста изедначен натпревар славеше со 78-74 против Кастелјо.
Ѓуроски беше еден од најефикасните во редовите на Оуренсе, зад своето име запиша 15 поени од кои четири тројки од пет обиди, имаше 1/3 за два и 1/2 за еден поен. Зад своето име додаде уште четири скока и исто толку асистенции.