Денеска продолжуваат мечевите од можеби најдолгото коло во Првата македонска лига. На програмата се три средби, колото ќе биде комплетирано дури на 19 октомври, поради настапите на дел од екипите во АБА и АБА2 лигите.
Феникс и Еуро Никел по победничкиот статрт ќе се обидат да се здржат на истиот курс. Скопскиот тим по победата над Работнички го пречекува составот на Академија ФМП, кој пак запиша пораз во првото коло, мечот е закажан со почеток во 17 часот, во салата „Кале“.
Кавадарчани пак за противник го имаат Куманово, кој беше совладан на домашен терен од дебитантот Чаир. Еуро Никел е фаворит на оваа средба, игра пред своите навивачи, се очекува да дојде до целиот плен.
Во истиот термин од 18 часот се среќаваат Кожув и Струмица, два тима кои ја бараат првата радост во новата сезона.
ДВОЈКИ 2. КОЛО
ДЕНЕСКА
17:00 Феникс – Академија ФМП
18:00 Еуро Никел – Куманово 2009
18:00 Кожув – Струмица
19.10.2022
МЗТ Скопје – Гостивар
РЕЗУЛТАТИ
Чаир 2030 – ТФТ 83-87
Пелистер – Работнички 92-76