Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, 18-та во овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
На патеката „Филип Ајленд“, Шпанецот ја освои третата пол-позиција сезонава, со рекорден круг од 1:27.767 минути. Веднаш до него беше Марк Маркез на Репсол Хонда, а на двајцата во првиот стартен ред ќе им се придружи возачот на Дукати, Франческо Бањаја.
Алеш Еспаргаро на Априлија и лидерот во генералниот пласман Фабио Квартаро ќе стартуваат од 4. и 5. место.