„Шумарите“  утнаа пенал и не успеаја да избегнат седми пораз во Премиер лигата

77

Фудбалерите на Нотингем Форест по седми пат сезонава се поразени во Премиер лигата. Денеска во 10. коло изгубија на гостувањето кај Вулверхемптон со 1:0. Единствениот гол го постигна Рубен Невеш од пенал во 56. минута.

Во 79. минута Нотингем доби шанса да изедначи од пенал. Но ударот од белата точка на Бренан Џонсон го одбрани домашниот голман Хозе Са (негов втор одбранет пенал сезонава). Така Нотингем изгуби и е закован за последното место на табелата, а Вулверхемптон скокна над опасната зона (Нотингем има 5 бода, а Вулверхемптон 9).

Фулам и Борнмут одиграа 2:2, а Лестер и Кристал Палас без голови.

Од 18:30 часот играат Тотенхем-Евертон.

 

Wolves [1] – 0 Nottingham Forest – Ruben Neves penalty 56′

Oct 15, 2022

ПретходноЧаби Алонсо и Леверкузен понижени во Франкфурт (видео)
СледноМеталург со уште еден убедлив пораз од ПАОК го заврши настапот во ЕХФ купот